Зголемен бројот на превезени патници

28

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9. 521 во второто тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период лани е зголемен за 33,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 61 процент, во приградскиот превоз за 4,2, а во меѓуградскиот за 32,1 отсто.

Во второто тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 117,4 оттсо. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 3,1, во приградскиот за 15,9, а во меѓуградскиот за 64,2 отсто.

Фото: Pixabay