Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесува 56 886, од кои 36.2 % се домашни туристи, а 63.8 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2022 година изнесува 124 969, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 %, а кај странските зголемувањето е за
84.5 %.
Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските зголемувањето е за
72.2 %.