АППТ домаќин на странски новинари, инфлуенсери, блогери, тур оператори

16

Во периодов што следи, односно летнава сезона е одлична можност Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да ја зајакне промоцијата на туристичките капацитети и можности на Македонија, водејќи се од заложбите и програмските активности, а кои ќе донесат бенефит во секој туристички регион во нашата земја. Една од алатките која овозможува таргетирана, комплетна, сеопфатна и посуштинска промоција е организација на информативни патувања за странски туристички делегации.

Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони.

Агенцијата за туризам ќе им посака добредојде на претставници на Шибенско Книска Жупанија. Во хрватската делегација од градот Шибеник на информативното патување ќе дојдат, Ирис Укич Которац –заменик жупан шибенско – книска жупанија, Грго Сожа – прочелник на општина Примоштен, Сашо Георгиевски – претседател на Хрватско-македонска тангента и Милена Георгиевска – секретар на Хрватско-македонска тангента.
Инфо Тура ќе се реализира и за ТВ Романија, со цел преставниците Тити Динка и Елена Дину од романската телевизија, кои се уредници на емисијата “кап компас” да снимаат документарен филм на тема културни наследства на Македонија, која ќе биде емитувана на програмата на ТВР.

Почесен гостин ќе ни биде г-ѓа Марјам Али Бин Тани Алфаласи која е СЕО на туристичката агенција Алабра Интернатионал и член на кабинетот на премиерот на ОАЕ. Ова информативно патување се организира со цел Македонија да биде овозможена како дестинација за туристите од Обединетите Арапски Емирати.

Македонскиот туристички сектор ќе реализира инфо тура за турски блогер Мелих Дасгин и Озлем Дасгин. Ова информативно патување ќе биде од големо значење за Македонија, блогерот Мелих ќе ја претстави земјава на турскиот пазар на неговиот фејсбук и инстаграм профил како и на неговата веб страна “inzinthegit.com”.
Andrea Quero и Daniele Fuccini при посетата на Македонија ќе снимаат два документарни филмови на тема културно наследство, кои ќе бидат емитувани на емисиите “Geo” и “Kilimangaro” на италијанските национални телевизии “RAI 1” и “RAI3”.
Деновиве во посета на Охрид и регионот се претставници на интернационалниот туроператор ТУИ-Обединето Кралство, чија цел е промоција на дестинацијата и привлекување на што поголем број на туристи од Англија.

Директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски потенцира дека се е во насока за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на локално и државно ниво. Можеби ќе бидат потребни уште две години македонскиот туристички сектор да се врати на статистичките бројки од туристи и остварени ноќевања, доколку се задржи оваа позитивна прогресија во 2022 година приливот од туристичкиот сектор во македонската економија се очекува да ја надмине 2019 година. Девизниот прилив од ставка туризам во првиот квартал за 2022 година е 78.52 милиони долари што е за 8,45% поголем споредбено со истиот период 2019. Со ова темпо се очекува 400 милиони долари девизен прилив во БДП од туризмот за 2022, со што ќе ја надминеме одличната 2019г.

Директорот Јаневски во овој контекст ја коментираше и иницијативата “Отворен Балкан” која гледано од туристички аспект ќе овозможии поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан” го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни ќе биде насочен на туризмот и културата. На настанот ќе присуствуваат повеќе од сто новинари од регионот и Европа, што е одлична можност за туристичка промоција на земјите од Западен Балкан. Би сакал да надополнам дека “Отворениот Балкан” создава дестинација од 12 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја.