Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април

57

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2021 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на март 2021 година и изнесува 14,7, а во однос на април 2020 година е намален за 1,3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2021, во однос на март 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на април 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2021 година изнесува 71,7% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,4%, неизвесното економско опкружување со 16,1%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,1% и недоволната домашна побарувачка со 14%.

Фото: Pixabay