Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2019 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2019 година и изнесува 22,2, а во однос на декември 2018 година е зголемен за 1,8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2019, во однос на ноември 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на ноември 2019 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на декември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2019 година изнесува 70,9% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25,4%, недоволната странска побарувачка со 15,9%, недоволната домашна побарувачка со 13,6% и неизвесното економско опкружување со 12,1%.
Фото:Pexels