Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2019 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на октомври 2019 година и изнесува 22,1, а во однос на ноември 2018 година е зголемен за 1,2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2019, во однос на октомври 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на октомври 2019 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на ноември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2019 година изнесува 70,5% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25,3%, недоволната странска побарувачка со 17%, недоволната домашна побарувачка со 14% и неизвесното економско опкружување со 11,8%.
Фото: Pexels