Зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи за месец септември

52

Државниот завод за статистика излезе со податоци за вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2012 година. Според нив вкупниот откуп и продажба на овие прозводи изнесува 811.233 илјади денари, што претставува зголемување за 10.0% во споредба со септември минатата година.

Од друга страна пак вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните производители е намалена за 12.4% во однос на претходната година, додека продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 33.0%.

Зголемен вкупен откуп и продажба е регистриран кај следниве земјоделски производи:
-жито, индустриски растенија, грозје, добиток, живина, јајца, млеко и риба

За разлика од горенаведените производи, кај фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и млечните производи, вредноста на вкупниот откуп и продажба е намалена.