Откупот и продажбата на земјоделски производи, во последното тримесечје од минатата година, изнесува 7.885.739.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 35,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 47,1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 10,1%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, добитокот и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата.
Фото: Pexels