Зголемен прометот од продажба на услугите

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2022 за 4.1 %.

Во третото тримесечје од 2023 година, во однос на истото тримесечје од 2022 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Поштенски и курирски дејности и изнесува 39.0 %.