Зголемен прометот во индустријата во ноември

35

Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, се зголемил за седум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,4 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,1 процент.

Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, е зголемен за 11,2 проценти, а за 14,4 проценти во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година.

Статистичките податоци покажуават дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, е зголемен за 2,3 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,5  проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти, Капитални производи за 11,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, бележи раст од 4,3 проценти, а од 10,4 проценти во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година.

Раст се бележи и на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година и изнесува 8,4 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 26,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6  проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,9 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,6 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во ноември 2022 година, во однос на октомври 2022 година, е зголемен за 13.4, а за 15,3 проценти во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година.