Зголемен прометот во индустријата

9

Прометот во индустријата во периодот јануари – јуни 2021 година во однос на истото полугодие лани е зголемен за 26,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во јуни годинава е зголемен за 17,9 отсто во однос на истиот месец лани, додека во однос на мај 2021 година пораснал за 2,8 проценти.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2021 година на годишно ниво бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 31,1 отсто, Капитални производи за 15,7, Tрајни производи за широка потрошувачка за 35,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2021 година во однос на јуни 2020 година е зголемен за 8,5 отсто, а во однос на мај 2021 година за 14,5 отсто. Во периодот јануари – јуни 2021 година, пак, во однос на истиот лански период е зголемен за 4,7 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 проценти, Капитални производи за 38,2, Tрајни производи за широка потрошувачка за 33,7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,6 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, е зголемен за 19,7 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 42,8 отсто, Капитални производи за 15,5, Tрајни производи за широка потрошувачка за 28 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2021 година, во однос на мај 2021 година е намален за 0,1 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2021 година во однос на јануари – јуни 2020 пораснал за 32,1 процент.

Фото: Pixabay