Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Државниот завод за статистика (ДЗС) евидентира пораст од 1,3 проценти во прометот во малопродажбата на храна, пијалаци и тутун, како и зголемување од 0,4 проценти во продажбата на автомобилски горива во март годинава, споредено со март минатата година.

Според податоците од ДЗС, во малопродажбата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, по категории и класи, е забележана различна динамика на прометот.

“Во трговијата на мало во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 4,3 проценти, а реално за 1,3 проценти, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 0,9 проценти, а реално опаѓа за 2,3 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2,6 проценти, а реално опаѓа за 0,5 проценти и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 0,4 проценти, а номинално опаѓа за 6,5 проценти,” информираат од ДЗС.