Зголемена градежната работа на Македонците во странство за 2,5 пати

67

gradezniciВо првиот квартал од годинава македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вкупна вредност од 192,8 милиони денари (3,13 милиони евра), што е за 248,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Како што покажуваа податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4,8 милијарди денари (78,6 милиони евра).

Во истиот период забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија.

Овие вредносни податоци за периодот јануари – март 2013/2012 година се дадени врз база на паритетот еден американски долар = 46.651 денари.