Стапката на невработеност во Грција се зголеми на 17% во април, покажуваат официјалните податоци.
Во април во Грција без работа биле 762.553 лица, а најтешко се погодени лицата до 24 години. Меѓу младите на возраст од 15 до 24 години, стапката на невработеност се зголеми на 46,8 од 33,6%, колку што беше во април минатата година.
Грција имала највисока стапка на невработеност во 2013-та година и тоа од 27,8% и оттогаш е во опаѓање, но и понатаму има највисока стапка од земјите во еврозоната.
Невработеноста повеќе ги погодува жените од мажите, што ја покажува и стапката на невработеност од 21,4 и 13,6%.
Фото: Pixabay