Зголемена основната главнина на Алкалоид Конс

76

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Македонија, по пат на зголемување на основната главнина, стои во соопштението на компанијата, објавено на Македонска берза.

“Вложувањето се изврши во Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје, каде што се вложени 50 милиони денари. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Со оваа инвестиција Алкалоид АД го зајакнува своето присуство на пазарот и продолжува да го проширува своето портфолио со лекови и медицински помагала со конкурентни цени и проверен квалитет“, стои во соопштението.

Во 1979 година, Алкалоид фармација формираше сектор задолжен за развој и соработка со странски компании во однос на договори за претставување, дистрибуција и консигнација. Долгогодишната успешна работа на овој сектор, како и стекнатото искуство, преставуваше основа за формирање на Алкалоид Конс ДООЕЛ, официјално основана во 2004 година.

Оваа ќерка компанија остварува соработка со околу 20 недомицилни компании и застапува и дистрибуира околу 1.000 фармацевтски производи.