Зголемени продажните цени на индустриските производи во мај

80

Во мај оваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 1,6% на месечно ниво, а за 9,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,4%.

Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 28,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 8,1%  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12,5%.

Фото: Pexels