
Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за 7.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.5 %.
Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 9.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2026 година се зголемени за:
- 0.5 % во однос на претходниот месец
- 4.5 % во однос на истиот месец од претходната година











