Зголемени увозот и извозот на земјоделски производи на ЕУ

98

Во август оваа година Европската Унија го достигнала своето највисоко ниво на трговски размени, во износ од 35 милијарди евра.

И извозот и увозот на земјоделски производи се зголемиле во август 2022, за шест отсто односно три отсто во споредба со јули истата година.

Ова го покажа редовниот извештај на Европската Комисија објавен денеска.

Извештајот нотира дека највеќе се извезувале житни препрати, жито и вино. 48 отсто од извозот на жито од ЕУ оди во Северна Африка и Блискиот Исток, како и супсахарска Африка со 34 отсто. Од јануари до август годинава ЕУ извезла 148 милијарди евра земјоделски производи.

Што се однесува до увозот, најголем дел доаѓа од Бразил, Обединетото Кралство и Украина.