Зголемено користење средства од ИПАРД

38

Прагот на апсорбирање средства од програмата ИПАРД е зголемен од 400.000 евра на 1,5 милиони за земјоделците и од 800.000 евра на 2,3 милиони за земјоделските стопанства.

Според денешната изјава на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, ова решение е разгледано и прифатено од Европската комисија, на претходно барање од Македонија, а ќе стапи во сила од идната година.

“Можноста за поголемо и поефикасно искористување на ЕУ-средствата е отворена во месната и винската индустрија, како и во делот на обезбедувањето трактори и останата земјоделска механизација”, истакна Коњановски.

Почнувајќи од февруари 2008 година па досега, објавени се вкупно седум ИПАРД-огласи. На огласите одговориле 536 апликанти, а одобрени се 167 проекти. Тоа е третина од поднесените барања, во вкупна вредност од 15,4 милиони евра од кои 7,6 милиони кофинансирала Европската Унија.