Фото: Facebook
Зградата на новото седиште на Блумберг во Лондон доби оценка 98,5 по рејтингот BREEAM, (метод за оценување на одржливост во светот за проектирање, инфраструктура и згради) и стана најодржлива деловна зграда во светот.
Во овој објект, каде работат новинари, финансиски аналитичари и банкарски експерти изведен е по проект на архитектонската компанија Norman Forster’s. Зградата има намалена потрошувачка на вода за 73% и електрична енергија за 35% во однос на потрошувачката на стандардните деловни згради.
Иновативните технологии коишто помагаат во одржливоста на објектот се интегрирани во конструкцијата на објектот, вклучувајќи повеќенаменски плафонски панели, а фасадата на зградата е покриена со бронзени решетки, пишува Dezeen.
Во 4.000 интегрирани плафонски панели се вградени 500.000 LED светилки што користат 40% помалку енергија од класичните сијалици, а 117 бронзени решетки што се поместуваат во зависност од положбата на сонцето, обезбедуваат природна вентилација на објектот и внатрешно ладење.
Изградени се и системи за собирање на дождовницата и отпадната вода од тоалетите што се прочистува и враќа во системот како техничка вода.