Жан Пол Готје заминува во “пензија“ со ревија на висока мода во Париз

91

Францускиот моден креатор, Жан Пол Готје, најави дека неговата ревија за висока мода во Париз ќе биде “последна“ по 50 години кариера, стои во официјалното соопштение што го пренесе AFP.

Тој рекол дека сега повеќе време ќе посвети на проект поврзан со својата модна куќа.

“На 22-ри јануари 2020 година ќе прославам 50 години кариера во модата со голема ревија на висока мода во Theatre du Chalet. Тоа ќе биде мојата последна ревија“, се зборовите на познатиот 67-годишен моден дизајнер.

Тој ја започна својата кариера во модната куќа Pierre Cardin, а веќе во 80-тите години од минатиот век започна да поставува свои модни правила по коишто се водеше целиот свет.

Фото: Facebook