Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска: Македонските менаџерки составен дел од успешни бизнис приказни

52

На свеченото доделување на наградите по 28-ми пат на манифестацијата „Најуспешни жени менаџери за 2024″, организирана од агенцијата „Марили” за најуспешни менаџери беа прогласени жени менаџери од Македонија,  Србија и Хрватска.
Г-ѓа Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска член на Управен одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија и  сопственик на компанија Камел 98  основана од 1981 година како семејна команија од прехранбената индустрија, со три производни објекти и палета со повеќе од 300 производи, е  една од добитниците  на награда на најуспешните жени менаџери од земјава и регионот во избор на „Марили”.


,,Жените во бизнисот се свесни за предизвиците со кои се соочуваат, особено додека се обидуваат да се искачат на корпоративната скала до извршни позици, улогата на жени успешни претприемачи е  сè позначајна за економијата  и нивните иновативните идеи се одличен извор за надминување на економската криза. Тие  се отворени за нови идеи  и нови заложба да се успее во бизнис светот. Секако, претприемачката иницијатива со себе носи одредени одрекувања, фокусот, секогаш е  крајната цел е да овозможите непрекинлив тек на процесите во компаниите, да ја задржите конкурентноста на пазарот и да одговорите максимално професионално на потребите на соработниците и клиентите. Она кон кое постојано ја насочувам мојата енергија се растот и развојот на компанијата и одржувањето на бизнисот во чекор со светските трендови. Како сопственик, но пред сè, како професионалец, се трудам сето мое досегашно искуство да го пренесам на тимот со кој секојдневно работам и заедно тимски да постигнуваме успешни резулати. На светот, на нашата земја, на регионот му се потребни силни, успешни, жени лидери во сите дејности. Како претставнички на бизнис секторот и во време на специфични услови за водење на бизнис докажаме заедно дека со стабилни стратегии и  мерки успеавме да ги пребродиме предизвиците со кои тековно се соочуваме, поддршката од семејството  е битен фактор за успешен кариера, флексибилноста во семејството е важна за постигнување баланс меѓу професионалниот и личниот живот, истакна Жанета Бадароска Ѓорѓиевска и се заблагодари во своето обраќање  и на  поддршката од сопругот успешен долгогодишен бизнисмен сопственик на ,,Специјал Продукт”
Манифестацијата „Избор на најуспешни жени” преку Марили Бизнис клубот, спојува жени менаџери, а идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век,  за бидат пример и поттик за генерациите кои доаѓаат по нив“, наведува  генералниот менаџер Лидија Трипуновска  од „Марили“.
Многу од денешните нови производи потекнуваат токму од малите претпријатија, и тие откриле повеќе од една половина од главните иновации во последните 30 години, тоа е дополнителен поттик за младите претприемачи да имаат храброст и иницијатива  да основаат своја компанија.