
Бугарската влада има рок до 21 ноември да одлучи за иднината на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“ во Бургас, изјави премиерот на таа земја, Росен Жељазков, пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел.
Рокот е поврзан со санкциите на САД насочени кон руските енергетски компании, вклучувајќи ги „Роснефт“ и „Лукоил“, објави порталот „Новините“.
Жељазков нагласи дека санкциите нема веднаш да влијаат врз производството или снабдувањето со нафтени деривати во Бугарија, но предупреди дека рафинеријата, поради повеќе од 50 проценти руска сопственост, технички е под режим на санкции, пренесе Танјуг.











