Жерар Депардје основа авиокомпанија, во флотата има само еден авион

40

Gerard-DepardieuФранцускиот актер Жерар Депардје основа сопствена авиокомпанија, Cyran’R, именувана според неговиот прв голем лик што го глумел на екранот, Сирано де Бержерак.

Во флотата актерот има само еден авион од бизнис класа, неговиот приватен авион, јавуваат белгиските медиуми. Според L’Echo, Депардје компанијата ја регистрирал кон крајот на ноември минатата година, а планот му е да го изнајмува авионот кога нема да го користи за сопствени потреби. Авионот ќе биде сместен на аеродромот во предградието на францускиот град Лил, во близина на белгиската општина Естампуи, каде што е почесен граѓанин.

Депарје во Белгија веќе има отворено агенција за недвижности Cogimmo, а планира да отвори и ресторан. Тој поседува ресторани во Париз, како и винарии во Франција и Белгија.