
Минатото лето во Европа беше екстремно топло и суво, а беше проследено и со масовни пожари. Колкава штета претрпе земјоделството во Европската Унија поради сето ова?
На состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ, комесарот на одделот Кристоф Хансен прелиминарно ја процени штетата на помеѓу 14 и 18 милијарди евра, пренесува ДПА.
Според неговите зборови, конечниот биланс ќе се утврди дури по есенската жетва.
Ова не се однесува само на житарките и другите производи за човечка исхрана. На пример, ливадите се исушија, па одгледувачите на добиток се соочуваат со проблем со храната, а во јужна Германија има и недостаток на вода.
„Земјоделците се првите жртви на климатските промени, а климатските промени се тука и, за жал, ќе останат“, рече Хансен.
Потребни се повеќе инвестиции во резервоари за вода, рече луксембуршкиот политичар, застапувајќи се за воведување задолжително осигурување за заштита на земјоделците.
Осигурувањето е важно и за инвестициите – сега само 12 проценти од земјоделското производство на ЕУ е осигурано од штети.











