Жител на Белград лани месечно заработувал 209.259 евра

21

evra 1

Најголем приход во текот на минатата година пријавил жител на Белград, кој заработил 2,5 милиони евра, односно рекордни 209.259 евра месечно, потврдуваат од Даночната управа на Србија за Блиц.

Со каков бизнис се занимавал овој богат човек останува мистерија. Но, дека станува збор за вистински рекордер, говори и фактот што второпласираниот на даночната листа пријавил двојно помал износ од овој.

Минатата година, а според податоците од 2012 година, рекордерот исто така бил од Белград, но со значително помали приходи од овогодишните. Поточно, за 2012 година бил пријавен најголемиот приходи во износ од 140.000 евра месечно.