Почетна Новости Жителите на Истанбул под клуч, а туристите слободно шетаат во градот

Жителите на Истанбул под клуч, а туристите слободно шетаат во градот

60

На туристите во Истанбул за време на викендот им беше дозволено да шетаат низ градот, но неговите жители беа принудени да останат дома поради полициски час воведен за викендот.

Минатиот викенд на жителите на Истанбул им било наредено да останат дома. Целата земја е под ограничувања и никој не смее да го напушта домот од петок во девет часот навечер до понеделник во пет часот наутро, а оние што ги прекршуваат одредбите се соочуваат со строги казни од 400 долари. Но, странските туристи немаат такви ограничувања. Тие можат безгрижно да шетаат низ градот, да разгледуваат знаменитости и да користат јавен превоз.

Повеќето музеи се отворени, а New York Times открива и како некои ресторани дискретно се отвораат, доколку гостите јадат храна внатре, зад затворени врати.

“Периодов очекувате некој да ве казни за патување поради туризам, но Турција е исклучок и имаме пристап до еден од најубавите и најшармантните градови во светот“, вели 32-годишната Британка Ерин Локхарт, која минатата недела пристигнала во Истанбул со нејзиното момче, Американец.

Тие се одлучиле за Турција затоа што тоа е земја во која и двајцата можеле да патуваат без обврска да бидат ставени во карантин по пристигнувањето. Но, тие самите се изненадиле кога сфатиле дека можат да шетаат по улиците и покрај полицискиот час.

Туризмот е важна економска гранка во Турција, но оваа година, поради пандемијата, секторот може да падне и до 70% во споредба со минатата година. Сепак, земјата се очекува да има 15 милиони гости до крајот на годината и да заработи 11 милијарди долари. За споредба, во нормално време, Турција имала до 45 милиони туристи и заработила околу 35 милијарди долари.

Странските посетители доаѓаат од Русија и Блискиот исток, но има и многу Европејци меѓу туристите.

Фото: Pixabay