Жителите на оваа земја се најсреќни, а каде сме ние?

43

Жителите на Финска, трета година по ред, се најсреќни во целиот свет, покажува извештајот The World Happiness Report.

Меѓу петте најсреќни земји во светот, според овој извештај, се и: Данска, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Среќата на секоја земја се мери преку неколку параметри: бруто домашен производ по глава жител, социјална поддршка, здрав животен век, слобода, великодушност и помалку застапеност на корупција.

Од земјите во регионот, според извештајот, највисоко е рангирана Словенија на 33-то место. Србија е следна на 64-та позиција, Босна и Херцеговина е пет места подолу, додека Црна Гора се најде на 72-ро место. Грција е на 77-мо место, Хрватска е две места подолу, додека Македонија е 90-та од вкупно 153 земји.

На дното на листата, како најмалку среќни се најдоа: Авганистан, Јужен Судан, Зимбабве, Руанда и Централноафриканска Република.

Фото: Pixabay