Жито Караорман АД Кичево внесен на Листата за набљудување

Македонска берза известува  дека е донесен  заклучок за внесување на издавачот Жито Караорман АД Кичево на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесувањето на друштвото Жито Караорман АД Кичево на „Листата за набљудување“ е поради непочитувањето на Правилата за котација во континуитет.