
Американските акции пораснаа откако два берзански индекси достигнаа рекордни максимуми по извонредниот пресврт во надминувањето на геополитичките трговски превирања.
S&P 500 скокна за 0,5 проценти на 6.172,24 на почетокот на утринското тргување, надминувајќи го претходниот најдобар резултат (6.147,43) постигнат на 9 февруари.
Индексот „Насдак“ исто така сруши рекорд, откако порасна за 0,4 проценти и се сведе на околу 20.218.
Индексот „Дау Џонс“ доби 304 поени и скокна за 0,7 проценти.
Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, вчера изјави дека рамката на трговскиот договор меѓу Кина и Соединетите Американски Држави е финализирана.
Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп очекува наскоро да постигне договори со 10 главни трговски партнери.
Трамп, исто така, рече дека „САД потпишаа со Кина вчера“, но функционер на Белата куќа подоцна појасни дека тоа значи дека Пекинг се согласил на „дополнителен договор за рамката за имплементација на Женевскиот договор“.
Кинеското Министерство за трговија објави дека двете земји потврдиле трговска рамка што ќе овозможи извоз на ретки земни елементи во САД и ќе ги олесни ограничувањата за извоз на технолошка опрема, според медиумите.











