Жито Лукс оствари загуба од над 30 милиони денари

42

zito luks

Компанијата Жито Лукс прокнижи нето загуба од 30.239.944 денари во текот на минатата година, покажува годишната сметка, објавена на Македонска берза.

Вкупните приходи на компанија лани биле на ниво од 1.308.460.063 денари, додека вкупните расходи биле 1.336.554.365 денари. Загубата пред оданочување, како што покажуваат податоците, била 28.094.302 денари, а данокот на добивка 2.145.642 денари.

Компанијата на годишното собрание на акционери, одржано на 20.05.2014, донесе одлука загубата од работењето од лани да остане како пренесена загуба за оваа година, а ќе се покрива од добивката во следните години.

Меѓу одлуките е и онаа за определување на месечен надомест на членовите на надзорниот одбор на компанија за 2014 година во износ од 300 евра.