Живеат со помалку од два долари дневно – ова се најсиромашни земји во светот

29

Во светот има скоро една милијарда луѓе кои живеат со помалку од 1,90 долари дневно. Сиромашни луѓе има во скоро секоја земја во светот, но постојат земји каде што овој проблем е прилично изразен. Најголем дел од земјите кои имаат проблем со сиромаштијата се од Африка и Азија. Според анализата на World Atlas, земји со најнизок бруто домашен производ по глава жител, а со тоа и најсиромашни се:

Бурунди (782 долари од БДП по глава жител)

Централна Африканска Република (984 долари)

Конго (1.143 долари)

Малави (1.143 долари)

Нигер (1.269 долари)

Мозамбик (1.333 долари)

Јужен Судан (1.495 долари)

Либерија (1.533 долари)

Еритреја (1.625 долари)

Чад (1.645 долари)

Фото: Pexels