Животни лекции на Ворен Бафет

36

bafet

Фото: Twitter

Тој важи за еден од најуспешните луѓе на денешницата, но и покрај милијардите, познатиот инвеститор, бизнисмен и филантроп, Ворен Бафет е скромен и достапен човек кој несебично дели корисни совети.

Инвестирајте внимателно

Бафет секогаш инвестира во идеи, не во луѓето зад идеите. Воопшто не го интересира човекот што ја смислил идеја, туку го гледа само нејзиниот потенцијал.

Не ги заборавајте корените

Уште како средношколец Бафет добил работа од Washington Post како разнесувач на весници. Тој ја продолжи врската со весникот до ден денес, со тоа што неговата компанија е негов најголем акционер.

Живејте скромно

И покрај тоа што вреди неверојатни 61,9 милијарди долари, тој живее скромно. Својата куќа во Небраска ја купи за 31.500 долари уште од 1958 година и според него, тоа е најдобрата инвестиција што некогаш ја направил. Тој внимателно ракува со секој добиен долар, знаејќи дека неконтролираното трошење може да донесе само банкрот.

Заштедете пред да потрошите

Бафет советува најпрво да тргнете настрана одредена сума пари, а со остатокот од месечната плата да ги подмирите трошоците.

Бидете добар говорник

Многу е важно да знаете како да комуницирате со луѓето. Бафет постојано ја нагласува потребата од умешност во говорење пред публика. За да се биде успешен во бизнисот од клучно значење е да се умее со зборовите.

Чувајте ја вашата репутација

Парите доаѓаат и си одат. Но, ако еднаш се наруши репутацијата, колку и да се трудите, лошиот глас ќе остане. Затоа бидете внимателни што правите.

Дружете се со успешни и паметни луѓе

Бизнис магнатот порачува да се дружите со луѓе што ќе ве инспирираат да создавате. Паметни, успешни и вредни личности кои се малку подобри од вас би биле идеално друштво.

Не се откажувајте

Секогаш постои шанса, сè додека не се откажете. Затоа бидете посветени на идејата да успеете дури и кога мислите дека тоа е невозможно.

Уживајте во тоа што го работите

Животот е премногу краток за да го трошите времето на работа што не ја сакате. Направете сè што можете за работата да ви биде задоволство, тогаш успехот е неминовен.