Животни вештини што ќе ви требаат во 2017 година

73

uspeh

Фото: Pixabay

Во денешно време кога конкуренцијата демне од секој агол, доколку сакате да бидете успешни, мора да поминете одреден пат и да развиете вештини и знаење. Ако не сте совладале некои од најважните животни вештини, можеби е време да преземете поинаков пристап. Без разлика дали сакате да бидете подобар слушател или преговарач, според Business Insider овие начини ќе ви помогнат да станете подобри.

Слушајте

Едноставен, но сè уште неискористен концепт. Ако сакате да бидете добар слушател, држете ја устата затворена.

Управување со време

Разликата меѓу успешните луѓе и многу успешните луѓе е што вторите честопати велат “не“. Ако не му дадете приоритет на вашето време во однос на другите, тоа ќе влијае врз вашата продуктивност и зголемување на незадоволството.

Искреност

Ако немате нешто убаво да речете, тоа не значи дека не треба да го кажете.

Креативно размислување

Најдобар начин да дојдете до голема идеја е да престанете да се обидувате. Истражувањата покажуваат дека луѓето се покреативни кога се порелаксирани и нефокусирани.

Јавен говор

Повеќето луѓе сметаат дека со тремата за јавен настап ќе се справат доколку не мислат на неа. Но, истражувањата покажуваат дека подобра стратегија е да престанете да се обидувате да се релаксирате, бидејќи возбудените луѓе се поубедливи во нивниот јавен настап.

Преговарање

Во преговарањето подобро е да го нагласите она што го давате на другата личност, а не тоа што го губите.

Побарајте помош

Истражувањата покажуваат дека барањето совет ве прави да изгледате повеќе, а не помалку способни.