Ziggy на услуга: Необичен робот шета по паркинг и ги полни батериите на автомобили (ВИДЕО)

42

Како што  се зголемува бројот на електрични автомобили, така расте и потребата за станици за полнење на батериите.

Проект на компанијата EV Safe Charge нуди решение во вид на уникатен робот наречен ZiGGY,  – поточно мобилна станица со бројни можности.

Роботот поседува два големи екрани на кои може да се најдат најважните информации, а емитува и реклами.

Најважната опција е далечинско нарачување на полнење, а ZiGGY ќе се потруди да ви сочува паркинг место. Кога ќе ја заврши работата, ќе се врати на првичната позиција да наполни резервоар и да почека нов клиент.