Зипсе:Предупредивме, предвремената електрификација може скапо да нè чини

Извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе, ја изрази својата загриженост за време на саемот за автомобили во Њујорк во 2024 година, каде што ја истакна важноста на балансиран пристап кон производството на автомобили.

– Кога ќе ја погледнете технологијата што се појавува во бранот на електрични автомобили, мораме да бидеме внимателни, бидејќи во исто време ја зголемувате зависноста од многу мал број земји – рече Зипсе, а пренесува „Economic Times“.

Шефот на BMW претходно се расправаше против избрзаната забрана за мотори со внатрешно согорување. Во февруари, тој ги повика германските политичари постепено да ги укинат бензинските и дизел моторите бидејќи раната забрана ќе направи повеќе штета отколку корист за климата.

Зипсe смета дека е клучно да се фокусираме на производството на бензин, хибриди…, бидејќи сегашната инфраструктура за полнење и високите цени на електричните автомобили го оневозможуваат секој да се префрли на електрични автомобили во блиска иднина.

-Доколку некој не може да купи електричен автомобил, а му треба автомобил, дали попрво ќе му предложите да продолжи да го вози својот стар автомобил засекогаш – реторички рече Зипсе.

Предупредувањето од првиот човек на BMW ја доведува во прашање долгорочната стратегија на автомобилската индустрија. Дали треба да се оди еднострано во електрични автомобили или треба да се фокусирате на поразновиден пристап?

Зипсe верува дека преголемото потпирање на електричните автомобили може да има несакани последици. Тој истакнува дека тоа може да доведе до ситуација Западот да стане зависен од Кина за снабдување со критични суровини. Ова може да има негативни последици и за западната економија и за безбедноста на снабдувањето. Во свет на растечки геополитички тензии, важно е да се обезбеди стабилно и сигурно снабдување со суровини.