Зираат банка доби дозвола за работа во Црна Гора

27

ziraat

Советот на Централната банка на Црна Гора на вчерашната седница донесе решение за издавање на дозвола за работа на Зираат Банка Монтенегро АД Подгорица.

Турската Зираат банка во декември минатата година аплицираше за добивање лиценца за работа во Црна Гора.

Зираат банка е најголема и најстара турска банка и присутна е во 19 држави во светот, а на почетокот на оваа година се прошири и на пазарот во Азербејџан. Зираат банка вработува повеќе од 24.000 луѓе во 1.700 филијали, од кои 57 се во странство, во земји како Германија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Русија, Велика Британија, САД, Грузија, Бугарија и Грција.