Златен даб прво македонско пиво на Карловачкиот фестивал

96

Nov-Zlaten-Dab-3Златен даб е првото македонско пиво што ќе учествува на Карловачките денови на пивото. Секоја година, овој фестивал на пивото, што се одржува од 30ти август до 8ми септември, привлекува над 200.000 посетители.

“Ова е одлична можност за презентирање на најдоброто македонско пиво во Хрватска. Новиот Златен даб е одлично примен како нов производ со светски квалитет. Со ваков тип на презентација се отвора можноста за извоз во Хрватска на пазар каде конкуренцијата е голема. Оваа манифестација е доста значајна поради големиот одзив на љубителите на пиво од регионот “, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.

На Карловачкиот фестивал на пивото меѓу другото се организираат и стенд ап комедии, квизови и други наградни игри со тематика пиво. Сето тоа е придружено со концерти со народна, забавна, рок музика. Фестивалот постои од 1984 година и се одржува на плоштадот во Карловец каде започнува со свечена поворка на запрежни коли со пивски бочви. Овој фестивал е најстар пивски фестивал на Балканот и воедно најголема пиварска манифестација во Хрватска.

Годинава Македонија е земја партнер на оваа манифестација.