Златен фустан од 1,5 милиони долари

67

Американскиот моден дизајанер Зек Посен дизајнираше уникатен фустан од 24 каратно злато, во чест на новиот Magnum Gold сладолед.

PicMonkey-Collage4

“Креирањето на мојот прв фустан од 24 каратно злато беше навистина бесценето искуство. Ме привлекува луксузот и сакам да ја испробувам мојата креативност, па така дизајнирањето на златен фустан за високата мода беше воодушевувачки”, изјави Посен.

Фустанот е направен од 10.000 сјајни парчиња рачно исечени од златна ткаенина. На дизајнерскиот тим му требаа две недели рачно да ги извезе делчињата во една целина.

Креацијата која вреди неверојатни 1,5 милиони долари ќе биде за прв пат видена на филмскиот фестивал Трибека за време на премиерата на краткиот филм As Good As Gold, која ќе се одржи на 18 април.

Во филмот главната улога ја игра Џо Манганиело, како крадец на злато кој очајно се вљубува во убавата но опасна актерка Каролин Кориа, која е облечена во златниот фустан на Посен.

xmagnum-gold.jpeg.pagespeed.ic.gQ8JvHYKeC

Освен на филмскиот фестивал Трибека, As Good As Gold ќе биде истовремено прикажуван и на Facebook фан страната на Magnum.