Златен прстен тежок 58,686 килограми

200

luksuz-nakit-zlato-prsten-najveci-prsten-sveta (6) (1)Во градот Шаржа, Обединети Арапски Емирати, на изложбата насловена Watch & Jewellery посетителите имаат ретка можност да го видат најголемиот златен прстен во светот, кој тежи неверојатни 58,686 килограми.

Големото парче накит е дело на Taiba Gold & Jewellery од Саудиска Арабија. Наречен е Najmat Taiba, a декориран е со 5,17 килограми Swarovski камења.

Иако е проценет на три милиони долари, прстенот не е за продажба, но си обезбеди свое место во Гинисовата книга на рекорди. На продажба ќе се најде помала верзија и тоа во три бои.

luksuz-nakit-zlato-prsten-najveci-prsten-sveta (1)

Обемот на златниот прстен изнесува 217 сантиметри, а за изработката биле потребни педесет и пет работници и 45 дена.

“Прстенот е креиран во 2000 година и тогаш чинеше 550.000 долари. Неговата вредност е неколкупати зголемувана според цената на златото, кое сега чини околу 1.150 долари”, вели Саиф Мухамед Ал Мидфа, извршен директор на Expo.

luksuz-nakit-zlato-prsten-najveci-prsten-sveta (2)