Златен Samsung UHD телевизор на аукција за добротворни цели

27

Gold-UHD-TV-600x400Заоблен 78 инчен UHD (ultra-high definition) телевизор е нешто што не може секој да си го дозволи. Познатиот уметник Сунг Јонг Хонг одлучи токму еден ваков TV сет да обложи со злато, користејќи ја техниката Ottchil.

Уникатниот телевизор ќе биде изложен во аукциската куќа Christie во Хонг Конг на 20 ноември како дел од есенската аукција. Сите собрани средства ќе одат во Orbis, светска невладина организација која се фокусира на обезбедување на квалитетен вид и борба против слепило.

Samsung-UHD-Christie-7

Ottchil е традиционална корејска техника на лакирање која датира уште од неолитската ера. Порано се користела за обложување на мебел и разни вредни украсни предмети токму поради заштитните карактеристики и декоративните квалитети.

Денес многу корејски уметници ја користат оваа техника за нивните современи дела.

Samsung-UHD-Christie-5

Намерата на Сунг Јонг Хонг е на некој начин да ја модернизира оваа древна техника, во обид да се зачуваат спомените и посебните моменти кои телевизијата ги создала. Па така на позадината на телевизорот, која уметникот ја нарече Memory of TV може да се видат познати сцени и ликови од историјата на телевизијата.