Фото: Pixabay
Танзанија ќе отвори меѓународен трговски центар за злато, пишува All Africa.
Центарот, што треба да биде отворен на крајот на овој месец, е дел од реформите што се воведуваат во рударскиот сектор, а се однесуваат на спречување на шверц со минерали.
Овој центар има задача да ја олесни трговијата со минерали и да обезбеди сигурност дека компаниите ги плаќаат потребните давачки кон државата.