Стапалото од Лионел Меси доби своја копија од чисто злато која во целост го отсликува најмоќното оружје на најдобриот фудбалер во светот.
Статуата, која тежи 25 килограми и вреди неверојатни 5,25 милиони долари, е направена од страна на скулпторот Гинза Танака во чест на 4-та по ред и рекордна Ballon d’Or награда за Меси.
Златното стапало е веќе пуштено во продажба во Јапонија заедно со неговите минијатурни верзи кои се исто така направени од чисто злато.
Дел од профитот од продажбата ќе оди за настраданите во земјотресот и цунамито што ја погодија Јапонија пред две години. Средствата ќе бидат распределени од Лео Меси Фондацијата, хуманитарна организација водена од фамилијата на Меси.