Златното правило на Безос: Состанок никогаш пред десет часот – многу ќе згрешите

66

Еден од најуспешните и најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, несомнено знае како да води бизнис: има сенс и знаење, но и социјална интелигенција, неопходни за добра комуникација со луѓето.

Според актуелната листа на милијардери, односно најбогати луѓе во светот – која ја составува „Блумберг“, моментално на врвот е Елон Маск со околу 304 милијарди долари нето вредност, а по него е Безос со богатство вредно 196 милијарди долари.

Минатата есен, Безос на „Твитер“ напиша дека „Амазон“ денес е една од најуспешните компании во светот, која трансформира две различни индустрии“.

Кога станува збор за основачот на водечкиот онлајн трговец од САД, 2021 година ќе ја паметиме по тоа што Безос на позицијата извршен директор на 5 јули беше сменет од долгогодишниот соработник Енди Џеси.

Важна лекција што ни ја пренесе Безос, а која треба да се примени е:

– Луѓето кои често се во право, многу слушаат, и често се предомислуваат. Тие стануваат наутро и повторно ги анализираат работите, менувајќи го својот став. Ако не го правите тоа често, ќе правите многу грешки – пренесе Inc.com.

Друго негово мото е дека „треба да се биде отворен за критика“. Тој, всушност, поддржува балансирана перспектива на критиката.

„Да се разбере што е критика е разликата помеѓу успехот и неуспехот“, смета тој.

Основачот на „Амазон“ е исто така, некој кој се држи до својата рутина секој ден.

– Сакам да лежам наутро. Станувам многу рано и рано си легнувам. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. Многу ми е важно тоа време кога не правам ништо. Затоа првиот состанок не го закажувам пред десет часот – изјави тој во една прилика.