Злато за трка има и Босна и Херцеговина

129

Во екот на информациите за охрабрувачките резултати од геолошките истражувања во регионот, денеска беше објавено дека постои и потенцијално богато наоѓалиште на злато во Босна и Херцеговина.

Генералниот директор на Lykos Balkan Metals, Милош Бошњаковиќ, објави дека досегашните резултати од геолошките истражувања на подрачјето на општина Језеро покажале висока содржина на злато.

На три локации во општина Језеро, потврдени се високи концентрации на злато на контактите на различни литолошки единици, до неверојатни 27,5 грама на тон во континуитет од дури 60 метри, што е невообичаено висока содржина дури и за светски познати рудници за злато.

Иако се работи за рана фаза на истражувањето, Ликос вели дека овие резултати може да се сметаат за едни од најдобрите во цела Босна и Херцеговина, но и на Балканот. Ветуваат дека во Језеро ќе инвестираат 60 милиони КМ.

„Деталните информации за наоѓалиштето, концентрацијата и количината на руда ќе бараат долгогодишна детална работа на локацијата. Затоа, менаџментот на Lykos Balkan Metals ја поканува Владата на Република Српска да се вклучи во реализацијата на оваа инвестиција, со цел да се постигне максимален ефект врз натамошниот економски развој на Република Српска, и на Босна и Херцеговина во целина“, Ликос.  огласија од Lykos Balkan Metals.

Фото: Pixabay