Златото достигна 4.400 долари за унца — највисока цена во последните два месеци

Цената на златото забележа благ раст во понеделникот, поддржана од ослабениот долар и неодамнешните послаби економски податоци, кои ги намалија очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД следниот месец.

Спот-цената на златото порасна за 0,6 проценти, достигнувајќи 4.400,15 долари за унца до 07:10 часот по Гринич. Со ова, цените минатата недела го достигнаа највисокото ниво во последните повеќе од два месеци.

Во последните 30 дена цената на златото е зголемена за 375,40 долари, или 9,41 отсто.

На шестмесечно ниво, сепак, златото бележи пад од 631,25 долари, односно 12,64 отсто, што покажува дека пазарот и понатаму е подложен на значителни промени.

Во споредба со истиот период минатата година, сликата е значително поинаква. Цената на златото е повисока за 1.028,13 долари, што претставува годишен раст од дури 30,83 отсто.