Златото и пченицата поскапеа

Европските берзански индекси денеска се мешани, златото и пченицата поскапеа, додека нафтата од типот „брент“ се продава за помалку од 84 долари за барел.

Денеска во 9 часот и 15 минути, франкфуртската берза DAX индексот падна на 18.713,45 поени, францускиот CAC 40 на 8.207,07 поени, додека лондонски FTSE 100 се искачи на 8.420,65 поени, а московскиот MOEX на 3.458 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 79.092 долари, а на нафтата „брент“ на 83.349 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29,578 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.339,54 долари за унца, а на пченицата на 6,9109 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07871, што е приближно исто како и во понеделникот, пренесува Танјуг.