Златото наскоро над 2.000 долари за унца

37

Цените на златото благо се повлекоа од највисокото ниво во последните осум месеци (во понеделникот) во вторникот, но остануваат над 1.900 долари за 31,1 грам унца.
Се повеќе аналитичари предвидуваат дека границата од 2.000 долари наскоро ќе падне, а златото би можело да достигне рекордно високо ниво.

Клучен двигател на новиот раст е олеснувањето на агресивното затегнување на монетарната политика на ФЕД.

Некогаш се сметаше дека златото е идеална инвестиција за инфлаторни услови, но минатата година тоа не беше случај.