Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, златото поскапе, а нафтата и пченицата поевтинија на берзите.
Цената на златото порасна на 2.644,37 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5.7769 долари за бушел.
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11159, што е за 0,18% помалку од понеделникот.
На отворањето на лондонската берза ICE, европските фјучерси за гас за холандскиот центар ТТФ се продаваа по цена од 38,6 евра за мегават час.