Европските берзански индекси денеска се во пораст, златото поскапе со истовремен пад на цената на нафтата и пченицата, додека пазарите ги очекуваат прелиминарните податоци за инфлацијата во Германија кои ќе бидат објавени во 14 часот.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.289 долари, а на нафтата „брент“ на 72.438 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 46,8 евра за мегават-час, пренесува Танјуг.
Цената на златото порасна на 2.637,68 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3775 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05390, што е за 0,25 отсто помалку од средата.